Исплатени субвенциите за лозарите и за винарниците

Bez autora
Jul 08 2012

До последен денар се исплатени субвенциите за лозарите и за винарниците, рече вчера во Неготино вицепремиерот Зоран Ставрески. Над 740 милиони денари биле исплатени за оваа намена, односно околу 500 милиони денари за постојните лозови насади и за 2 денара по килограм грозје. Исплативме пари и за винарниците и за новите лозови насади. Исплатени се 23.500 лозари и винарници, претежно во Тиквешијата, но и во цела Македонија. Средствата се легнати на сметките на граѓаните - беше дециден тој. Тој информира дека 100 милиони евра преку Европската инвестициска банка ќе можат да користат македонските бизнисмени преку домашните банки и Македонската банка за поддршка на развојот, со каматна стапка од 5,5 проценти. Тој кажа дека дел од средствата за камата се покриваат од буџетот, со цел условите за користење на овие пари да бидат поповолни за стопанствениците.

Исплатени субвенциите за лозарите и за винарницитеДо последен денар се исплатени субвенциите за лозарите и за винарниците, рече вчера во Неготино вицепремиерот Зоран Ставрески. Над 740 милиони денари биле исплатени за оваа намена, односно околу 500 милиони денари за постојните лозови насади и за 2 денара по килограм грозје.

- Исплативме пари и за винарниците и за новите лозови насади. Исплатени се 23.500 лозари и винарници, претежно во Тиквешијата, но и во цела Македонија. Средствата се легнати на сметките на граѓаните - беше дециден тој.

Тој информира дека 100 милиони евра преку Европската инвестициска банка ќе можат да користат македонските бизнисмени преку домашните банки и Македонската банка за поддршка на развојот, со каматна стапка од 5,5 проценти. Тој кажа дека дел од средствата за камата се покриваат од буџетот, со цел условите за користење на овие пари да бидат поповолни за стопанствениците.

Дополнителни 11 милиони евра се обезбедени со докапитализација на МБПР со каматна стапка од само 3 проценти.

- Банката директно ги кредитира претпријатијата што се занимаваат со откуп, преработка и извоз на земјоделски производи, а такви има многу во регионот на Тиквешијата. Нема поевтини средства на пазарот и подобри услови во Европа, и верувам дека тоа ќе им помогне на македонските компании да ја пребродат кризата - истакна вицепремиерот.

Бизнисмените беа информирани и за подолгорочните мерки што се преземаат околу реализацијата на проектот за гасификација бидејќи гасоводот е мошне значаен за неготинци оти Неготино е определено како приоритет за првиот крак Kлечовце-Неготино. Би било добро кога со првиот крак би се гасифицирала и ТЕЦ „Неготино”, а гасот до градот сигурно би бил голема работа за бизнисмените од регионот.

Вицепремиерот кажа дека рускиот пазар е голем потенцијал за извоз на македонски земјоделски производи. Најголемиот дел од росоманските праски одел за Русија. Со договори потпишани меѓу македонски и руски бизнисмени со помош на Владата и Министерството за земјоделство извозот на македонски земјоделски производи на тој пазар се зголемувал од ден на ден.

- Но во делот на преработените производи прашањето на бесцарински извоз кон Русија останува отворено. Значи она што можеме да го направиме како Влада е да побараме од владата на Русија да се потпише таков договор и ние тоа го направивме. Од руска страна с` уште немаме позитивен одговор и се обидуваме да го решиме тоа бидејќи е значајно прашање за конкурентноста на македонските производи - истакна Ставрески во Неготино.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik